Автомобил „Лада“ е посилен од азербејџанските ракети: Паѓаат бомби, а возачот вози како ништо да не се случило (видео)

од Nikola Popovski

Гранатирањата и експлозиите се секојдневие во областа Нагорно-Карабах, а како изгледа тоа може да се види на следното видео.

Имено, дури две „лади“ ги преживеале азербејџанските ракети.

Иако видеото можеби стана хит на Интернет поради неуништливоста на превозните средства, јасно е прикажано дека цивилни возила се мета.

На видеото се гледа како сè лета во воздух, но возачот продолжува да вози како ништо да не се случило. Веднаш потоа, друг проектил удира, и прави дупка на патот, но „ладата“ е веќе далеку.

Неколку секунди подоцна, камерите забележале нова експлозија, а потоа од чадот се појавува „ладата“, исто така неоштетена, и продолжува да си вози по патот.

Ерменија собори два хеликоптери и три беспилотни летала во неделата, а со тоа започна опасен конфликт, кој беснее веќе 6 дена.

Ерменија првично го обвини Азербејџан за гранатирање на цивилни позиции, а судирите наскоро се разгореа, што резултираше со смрт на цивили и војници од обете страни.

Слични содржини