Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

од Vladimir Zorba

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга.

Повредени се пет лица.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова, изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Слични содржини