Автомобил влета во толпа луѓе во Берлин, има мртви и повредени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Возило кое денеска влета во толпа во Западен Берлин уби едно лице, а најмалку 30 се повредени, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на германски медиуми и портпаролот на противпожарната бригада.

Како што се наведува, повеќе информации нема, а полицијата се уште официјално не се огласила.

Инцидентот се случи во близина на местото на смртоносниот напад на 19 декември 2016 година, кога Тунижанецот Анис Амри, поврзан со исламистичките терористи кои тврдеа дека се бегалци, нападна божиќен саем во Берлин со украден камион чиј возач прво го убил, а потоа удри во преполни пазарот, при што загинаа уште 11 луѓе и беа ранети уште десетици.

Слични содржини