Автомобил влетал во пешачка зона во Германија, има починати (видео)

од Nikola Popovski

Две лица загинаа, а неколку се повредени кога автомобил влетал во пешачка зона во германскиот град Трир, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека граѓаните треба да ја избегнуваат зоната каде што се случил инцидентот. Полицијата го истражува случајот, а областа ја надлетуваат хеликоптери.

Забележани се и неколку екипи на брза помош.

„Уапсивме едно лице, едно возило е обезбедено. Според првичните информации, две лица починаа. Ве молиме, продолжете да го избегнувате центарот на градот“, соопштила полицијата на Твитер.

Медиумите јавуваат дека 10 лица биле повредени. Возачот е уапсен, a медиумите јавуваат дека станува збор за 51-годишен маж од регионот Трир.

Другите информации сè уште не се објавени, а не е јасно дали возачот на автомобилот намерно налетал на пешаците или станува збор за несреќен случај.

Слични содржини