Автопилот на Тесла не виде камион, го удри и се запали

од desk2

Нов судир на популарниот Тесла автомобил за кој овој пат кривец е системот за автоматско возење.

Несреќата се случила во Русија кога автомобилот Тесла се удрил во паркиран камион кој не го забележал ниту возачот, ниту пак автопилотот.

Алексеј Третјаков бил зад воланот на возилото, но не возел бидејќи задачата му ја препуштил на автопилотот. Во автомобилот биле и неговите две деца, а за среќа сите тројца навреме излегле надвор бидејќи по сидирот автомобилот се запалил и тоа со неколку експлозии.

Слични содржини