Автопилот: Што „гледа“ возилото на „Тесла“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Неверојатно видео го покажува автопилотот на Тесла во акција. Сопственик на Тесла на Јутјуб објави видео во кое визуелизацијата на автопилотот покажува сè што „гледа“ компјутерот на „Тесла“.

Некои сопственици на автомобили „Тесла“ веќе некое време уживаат во можностите на софтверот „Full Self-Driving Beta“, што им овозможува да возат возила независно и без интервенција на возачот.

Видеото покажува визуелизација на сообраќајни ленти, автомобили во движење, паркирани автомобили, семафори со светла, сообраќајни знаци итн.

Бидејќи видеото е снимено ноќе, особено е импресивно да се види на визуелизацијата како компјутерот на „Тесла“ забележува други автомобили пред да можеме да ги забележиме на патот со голо око.

Слични содржини