Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави се за да се оддалечи од Македонија

од Vladimir Zorba

Авторот на интервјуто со Бојко Борисов за германски ФАЦ, Михаел Мартенс, по реакциите на македонската јавност на неговиот Твитер профил напиша дека со своето однесување, Бугарија прави се за да го изгуби пријателството со Македонците.

„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобрата позиција да ги претвори Македонија и Македонците во најблиски свои соседи и пријатели. Место тоа, Бугарија прави се што може за да се оддалечи од потенцијалниот сојузник со своето однесување и негово понижување. Тоа е сигурен начин да загубите пријатели“, пишува Мертенс.

Слични содржини