Авзиу е назначен за нов генерален директор на „Елем Турс“

Поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Адем Авзиу е нов генерален директор на „Елем Турс“ ДООЕЛ Скопје.

„Авзиу ја презема задачата во многу деликатен момент, кога целиот свет се соочува со пандемија од невидени размери и во време кога рекреативните спортски центри во земјата со кои стопанисува друштвото се пред сериозен предизвик. Очекуваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на компанијата и туристичките капацитети со кои стопанисува Друштвото“, посочија денеска од компанијата.

Инаку, Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот во Југоисточна Европа, насока финансии и во моментот е на постдипломски студии на истиот Универзитет. Од декември 2019 година тој беше државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација.

Слични содржини