Канадскиот стартап AXL Electric Vehicles го промовира кросоверот SharX-5, кој ќе се продава за 39.800 долари.
Како што е наведено, AXL Electric Vehicles сака да понуди луксузни електрични возила по релативно прифатлива цена.
AXL SharX-5 има електричен мотор на предната оска со 209 КС, а до 100 km/h забрзува за 7,4 секунди. Капацитетот на батеријата е 67 kWh, а досегот со едно полнење е до 500 km. Други детали се уште не се објавени.
Опремата вклучува адаптивен темпомат, камери, вентилирани и загреани седишта, панорамски стаклен покрив, премиум аудио систем, можност за далечинско управување со автомобилот преку мобилната апликација на сопственикот, алуминиумски тркала од 20 инчи…
Канадскиот стартап прима преднарачки за SharX-5 од Северна Америка, Блискиот Исток, Европа, Азија и Австралија, но не прецизираше кога ќе започне производството.