Азар е „Играч на месецот“ за септември

од Vlatko K

Напаѓачот на Челзи, Еден Азар ја доби наградата за најдобар во Премиер Лигата.

Од почетокот на сезоната, белгискиот фудбалер постигна осум гола на десет натпревари за Челзи, а неговиот настап во последните неколку недели е навистина импресивен.

Тој е важен дел од силните игри на Челзи, кои беа фундаментални за тоа тимот да се качи на второто место на табелата, со ист број поени со лидерот Манчестер Сити.

Во септември, најсилната изведба на Азар беше против Кардиф кога постигна „хет трик“ за успехот од 4:1.

Неговиот гол против Ливерпул во Лига Купот пак може да претендира за најдобар во сезоната.

Импресивната изведба на Азар со тимот на Челзи предизвика шпекулации за негов трансфер во шпанскиот тим Реал Мадрид. Самиот белгиски репрезентативец, исто така, откри дека неговиот сон од детството е да игра за „белиот балет“.

Слични содржини