Азар: Ќе беше досадно да сме повторно шампиони

од Vladimir Zorba

Една од ѕвездите на Челзи, Еден Азар даде најблаго речено апсурдно објаснување за состојбата на тимот оваа сезона и зошто „сините“ не се конкурентни за титулата.

Според него фудбалот е интересен, бидејќи секогаш има изненадувања. Едвај сепак на навивачите на „сините“ им е здодевно, бидејќи тимот е многу далеку од врвот.

„Ако само еден тим победува, тогаш ќе биде досадно. За тоа го сакаме фудбалот“, изјави тој пред „ЕСПН“.

„Променивме доста работи во текот на летото. Се разделивме со неколку важни играчи, но зедовме други на нивните места. Фудбалот е многу посебен, особено во Англија, бидејќи никогаш не знаеш што ќе се случи“, коментира тој.

„Тешко е да се победува секоја година. Сепак минатата сезона не игравме во Лигата на шампионите, а оваа сезона играме во турнирот и распоредот ни е доста напорен“, додаде Белгиецот.

Слични содржини