Азар: Реал ме сака неколку години, ПСЖ исто

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, уште еднаш ги отфрли гласините за трансфер во Реал Мадрид од летото. Белгијанецот изјави дека е среќен и нема намера да го напушти „Стемфорд Бриџ“ пред да му истече договорот со „сините“.

„Има интерес од страна на Реал, но тој не е од сега, туку од неколку години. Кога не е Реал, е ПСЖ, кога не е ПСЖ, е Реал. Среќен сум тука. Остануваат уште 2 и пол години до крајот на договорот. Утврден сум добро тука и играм на секој натпревар. Навивачите ме сакаат, а моето семејство е среќно“, рече Азар.

Белгиецот го прокоментира и претстојниот судир со Барселона од осминафиналето на Лига на шампионите. Челзи го искористи Батшуаи за да земе топ талент од Борусија Дортмунд.

„Победуваме и губиме заедно. Не верувам дека има некој од играчите кој не го поддржува тренерот. Сите стоиме цврсто зад него. Се што сакаме е да се искачиме на табелата во Англија и да го дадеме најдоброто од себе против Барселона. Ќе видиме што ќе се случи следно“, додаде тој.

Челзи ја пречекува Барселона во утре од 20:45 часот.

Слични содржини