Азар за Меси: И двајцата сме мали и брзи, но не сум како него

од Vladimir Zorba

Крилото на Челзи, Еден Азар замоли да не го споредуваат со најголемата ѕвезда на светскиот фудбал, Лионел Меси.

“Не можам да се споредувам со Меси. Тоа е невозможно. Двајцата сме мали и брзи, но јас не можам да постигнуваm гол во секој натпревар“, коментира белгискиот репрезентативец за „А Бола“.

Азар е клучна фигура во составот на Челзи во последните неколку сезони, откако има 87 погодоци и 73 асистенции во 290 официјални натпревари за тимот од Лондон.

Тој е предмет на интерес од страна на Реал Мадрид, додека Меси игра во другиот шпански гигант Барселона, за кој реализирал 542 гола во 626 натпревари.

Слични содржини