Азар за својата иднина: Среќен сум во Челзи!

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, проговори за својата иднина пред контролната средба на белгиската репрезентација против Саудиска Арабија.

– Ние сме во деликатен период со Челзи бидејќи загубивме важни натпревари. Беше важно за нас дека го поразиме Лестер и се квалификувавме за полуфиналето на ФА Купот. Ова е нашата главна цел оваа сезона, како и топ 4 пласман. Мораме да се пласираме во Лигата на шампионите изјави Белгиецот.

Во врска со неговата иднина, откако постојано е поврзуван за трансфер во Реал Мадрид, Азар изјави дека се чуствува среќен каде што е.

– Се чувствувам добро во Челзи. Многу сум среќен “, изјави играчот од средниот ред, кој има договор со „сините“ за уште две сезони

Слични содржини