Аземи преку видеоконференциска врска ќе сведочи во „Титаник 3“

од Aleksandar Petrovski

На следното рочиште за Титаник 3, преку видеоконференциска врска ќе сведочи сведокот Ресмие Аземи, која се наоѓа во Германија, со чиј исказ завршува и доказната постапка по овој предмет, според информации на Локално.мк.

Овој случај на СЈО се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Последното рочиште за овој предмет беше одложено, бидејќи не беше обезбеден сведокот што има пријавено живеалиште во Германија. Аземи пријави дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

И.Р.

Слични содржини