Азербејџан најави евакуација на својот дипломатски персонал од Иран, по „терористички“ напад

од Radmila Tasevska

Азербејџан денес го обвини Иран дека е одговорен за нападот врз неговата амбасада во Техеран во кој загина едно лице, нарекувајќи го нападот „терористички“ и најави евакуација на својот дипломатски персонал од градот.

Целата одговорност за нападот е на Иран“, изјави портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Аиксан Хаџизада за локалните медиуми, додавајќи дека неодамнешната антиазербејџанска кампања во иранските медиуми „го охрабрила нападот“.

„Евакуацијата“ на персоналот на амбасадата од Иран е во тек, изјави тој за турската телевизија ТРТ Хабер ТВ.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на Твитер напиша: „Најостро го осудувам терористичкиот напад врз Амбасадата на Азербејџан во Иран“.

Во соопштението, азербејџанското Министерство за надворешни работи претходно објави дека маж „вооружен со калашников“ го убил „шефот за безбедност на дипломатската мисија“ и дека други двајца чувари на амбасадата се ранети и се во „задоволителна состојба“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во соопштението најостро го осуди „вооружениот напад“ во кој, како што рече, „за жал, едно лице беше убиено“. Тој рече дека според прелиминарната истрага имало лични мотиви за нападот.

Иранската полиција соопшти дека напаѓачот бил веднаш уапсен и рече дека според прелиминарната истрага имал лични и семејни проблеми.

Слични содржини