Азербејџан објави видео како граната ги разнесува непријателските војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно му припаѓа на Министерството за одбрана на Азербејџан, на кое се гледа напад со беспилотно летало врз ерменски војници.

Според прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан, биле откриени резервни сили на ерменската армија кои биле уништени со дрон.

„Нашите единици ги открија и уништија резервните сили кои пристигнаа за помош“, соопшти азербејџанското Министерство.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на непријателства.

Воведена е воена состојба во Ерменија, беше објавена општа мобилизација, а на мажите на возраст од 18 до 55 години им беше забрането да ја напуштаат земјата. Во Азербејџан е воведен полициски час.

Слични содржини