Азербејџан: Загинаа 2.783 војници во конфликтот во Нагорно Карабах

од Stefanija Kuzmanovska

Азербејџан денес објави дека за време на конфликтот со ерменските сили во регионот Нагорно-Карабах биле убиени 2.783 војници и дека повеќе од 100 припадници на вооружените сили се водат како исчезнати.

Досега, Азербејџан не објави податоци за воени загуби во конфликтот што избувна на 27 септември, а беше прекинат на 10 ноември, кога беше постигнат договор за прекин на огнот со посредство на Русија.

Голем дел од територијата на Нагорно Карабах, кој претходно беше под контрола на Ерменците, беше предаден на контролата врз Азербејџан.

Ерменија сè уште не ја објави конечната бројка на загинати, но официјален претставник на Министерството за здравство на 14 ноември потврди дека се убиени 2.317 војници.

Слични содржини