Азески: Да ги оставиме настрана сите „истресени од ракав“ на реалниот сектор му треба излезни решенија

од Берта Китинска

Ноќта дојде порано од што очекувавме. Како да се наоѓаме во епицентарот на еден триаголник во кој имаме економска, здравствена, па и општа криза која долго се провлекува, од 2008 година наваму.Анкетите конечно покажаа дека секому му е јасно оти кризата ќе потрае подолго и дека спасувањето на човековите животи мора да биде приоритетна цел, стои во порака од претседателот Бранко Азески до членките на Стопанската комора на Македонија.

Тој вели дека иако сме навикнати на дејствување во кризни ситуации, во моментов
непредвидливоста е силно изразена што надежта е доведена под знак прашање.

„Светот полека, но сигурно влегува во зоните на општите опасности и затоа решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасираат тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија.

Но за да се врати надежта, а особено кај оние кои се врзани за бизнисот, најпотребни се РЕШЕНИЈА. Само РЕШЕНИЈА, кои мора да се брзи, одлучни и засновани на реални проценки. Додека не изгрее
денот, да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас
одамна реков“, кои само ќе придонесат да платиме висока цена во кризата. Реалниот сектор во овој момент бара да биде клучен фактор во изнаоѓањето излезни решенија, а по кризата, ако навистина таа не се претвори во секојдневие, ќе се врати на својата реална позиција – да биде еден од факторите што учествуваат во креирањето на економските политики.

Примери има безброј. Да не ги продадевме туристичките капацитети што ги наследивме од поранешната држава, денес тие ќе претставуваа вистински консумент и промотор на земјоделскопрехранбениот сектор. Да ги поддржaвме домашните синџири на супермаркети („Тинекс“, „КАМ“, „Кит-Го“, „Стокомак“, „Жито“, „Кипер“,
„Рептил“…) да се прошират во соседните земји, исто така ќе отворевме нови пазари за земјоделско-прехранбениот сектор. Имавме и примери. „Фершпед“ на крајот на 90-тите г. од минатиот век, со изградбата и со
купувањето на хотелите во Скопје, Охрид и во Маврово и со влегувањето во сопственичката структура на „Европа“ и на „Сковин“, покажа каде треба да одиме. Тоа го покажаа и нашите истакнати бизнисмени и познати коморски активисти Минчо Јорданов и Светозар Јаневски, правејќи спој меѓу овие два сектора, кои се сериозен потенцијал за создавање новододадена вредност. Стопанската комора на Македонија неслучајно во средина на кризата, на крајот на септември, одржа голема конференција за позицијата на туризмот и угостителството по кризата КОВИД 19, а за земјоделско-прехранбениот сектор тоа ќе го направи во среда.

Има уште многу примери кога бизнисот беше резервиран спрема одредени инфраструктурни проекти (пругата кон Бугарија, ревитализацијата на централната пруга Србија-Грција, влегувањето во сопственичката структура на солунското пристаниште итн. итн.). Значи, бизнисот бара решенија, а не дискусии, и бара многу поголемо учество во донесувањето на тие решенија отколку досега. Ние како нивни претставници ќе направиме сé да го овозможиме тоа, пишува Азески.

Слични содржини