Бајден ја оспори изјавата на Зеленски дека ракетата која заврши во Полска не е украинска

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оспори денеска изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека ракетата која падна во Полска, при што загинаа две лица, не е од украинско потекло.

„Тоа не е доказ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од патувањето во Азија, пренесе „Ројтерс“.

Зеленски вчера изјави дека е убеден оти експлозијата во која загинаа две лица во Полска не е предизвикана од проектил од Украина.

Слични содржини