Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека на почетокот на следната година ќе одлучи дали ќе се кандидира за уште еден четиригодишен мандат.
Бајден повтори дека има намера повторно да се кандидира за функцијата, но дека тоа е семејна одлука за која ќе се одлучува за време на празниците, пренесува „Ројтерс“.
За време на своето обраќање до јавноста по изборите за Сенатот, Бајден рече дека американската демократија била тестирана во последните години, но дека народот го кажал своето.