Бајден полни 80 години: Првиот претседател во историјата на САД кој владеел во осмата деценија

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска полни 80 години и ќе стане првиот претседател во историјата на САД кој владее во осмата деценија од животот.

Вчера во Белата куќа се одржа венчавката на внуката на претседателот, а веќе денеска во чест на роденденот на Бајден, неговата сопруга Џил организира прослава со закуска, пренесува Ројтерс.

Имајќи предвид дека Бајден е најстариот човек на позицијата претседател на САД, трката за Белата куќа во 2024 година е непознаница за американското општество.

Слични содржини