Бајден и Фон дер Лајен размислуваат да го решат спорот околу даночните олеснувања

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џозеф Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска се сретнаа за да разговараат за решавање на спорот меѓу САД и ЕУ во врска со даночните кредити за електричните возила.

На почетокот на средбата Бајден рече дека со Фон дер Лајен ќе разговара за започнување на нови инвестиции за создавање индустрии за чиста енергија и работни места на двата континента.

Бајден и фон дер Лајен се очекува да отворат разговори меѓу САД и ЕУ за договор што би можел да ја поттикне употребата на европските минерали потребни за производство на батерии за електрични возила кои се квалификуваат за даночни кредити во САД според Законот за чиста енергија во вредност од околу 375 милијарди донесен минатата година, според официјални лица од Белата куќа.

Слични содржини