Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на лично оружје

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Џозеф Бајден денеска потпиша декрет со кој се наредува посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огнено оружје.

Претседателскиот декрет ги обврзува американските агенции за спроведување на законот да обезбедат максимално спроведување на законот за контрола на оружјето што беше поддржан од двете партии во американскиот Конгрес минатото лето, пренесува АП.

На 1 јануари годинава, по новогодишната прослава, вооружен напаѓач упаднал во сала за танцување во населба во близина на Лос Анџелес и застрелал 20 луѓе, од кои 11 биле убиени, пренесува американската агенција.

Слични содржини