Бајден по средбата со Си: „Нашиот став за Тајван не е променет“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека на средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг истакнал дека американската „политика на една Кина“ не е променета и дека двете земји се посветени на зачувување на мирот во Тајван.

„Нашиот став за Тајван не е променет. Тој го разбра тоа“, рече Бајден на прес-конференцијата по средбата во Бали.

Тој рече дека двете земји се согласуваат да работат заедно за решавање на светските предизвици и дека разговарале за руската закана во Украина.

Тој повтори дека и САД и Кина се против употребата на нуклеарно оружје.

Исто така додаде дека нема да има нова студена војна со Кина.

Слични содржини