Бајден повика на мирни и транспарентни избори во Нигерија

од Radmila Tasevska

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, денес повика претстојните претседателски и парламентарни избори во Нигерија да бидат мирни и транспарентни, повикувајќи ги кандидатите и партиите да ги прифатат резултатите објавени од изборната комисија на земјата.

Над 93 милиони Нигеријци, од вкупно над 200 милиони жители, имаат право на глас на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во сабота, објави Ројтерс.

„Го поздравувам вчерашниот договор во Нигерија“, рече Бајден во изјавата, осврнувајќи се на вчерашното ветување од сите кандидати дека ќе бараат одговор за сите жалби преку судовите.

Слични содржини