Бајден внимателно ги следи протестите во Кина, порачаа од Белата куќа

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за тоа што се случува и внимателно следи, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за протестите во Кина.

„Белата куќа се залага за правото на мирни протести“, рече тој во разговор со новинарите, по необичните протести во Кина против епидемиолошките мерки и за поголемa слободa.

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, тело под јурисдикција на американскиот претседател, не ја коментираше содржината на тие барања: „Овие демонстранти говорат сами за себе“.

„Ништо не се промени во нашата подготвеност да продолжиме да имаме отворени канали за комуникација со кинеските власти, веднаш по средбата меѓу Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија“, рече Кирби.

Двајцата лидери на средбата која требаше да биде момент за намалување на тензиите меѓу двете велесили, покажаа подготвеност да ги обноват разговорите во некои области каде што би можеле да соработуваат.

„Сакаме да ги продолжиме тие разговори“, рече Џон Кирби.

Слични содржини