Баба се откажала од респиратор: Чувајте го тоа за некој помлад, јас имав добар живот

од Aleksandar Petrovski

Пред две седмици Сузан Хојлертс (90) од Бинком во Белгија почнала да чувствува дека тешко дише.

Го загубила апетитот. Завршила во болницата. Починала од коронавирус.

Сузан Хојлертс е хероина.

Сузан Хојлертс е жена чиј живот на другите е поважен од нејзиниот.

Сузан Хојлертс е пример дека во време на криза, сè уште има луѓе чија љубезност, а не себичност и искористување на шанса за добивка излегуваат на површина.

Белгијката, откако била примена во болница, брзо и се влошила состојбата.

„Госпоѓо, ние ќе ве ставиме на респиратор, тој ќе ви пумпа воздух во вашите бели дробови, така ќе ви биде полесно“, и рекле лекарите.

Но, г-ѓа Хојлертс не сакала да слушне за тоа.

„Не сакам тоа, чувајте го за некој помлад, јас имав добар живот“, одговорила таа.

Починала два дена подоцна.

– Не можев да се збогувам со неа. Не можев да ја видам или да ја слушнам. Јас дури и не можам да одам на нејзиниот погреб – очајна е нејзината ќерка Џудит.

Тешко дека тоа сега ќе ја утеши, но Џудит, кога ќе заврши сето ова, гордо ќе говори дека имала мајка хероина.

Во Белгија, над 12.000 луѓе се заразени со коронавирусот, 705 луѓе починале.

Вчера беше објавено дека 12-годишно девојче починало во Белгија, се верува од коронавирус. Доколку се потврди дека имала корона, белгиското девојче ќе стане најмладата жртва на вирусот корона во Европа.

Слични содржини