Бабовски: Запленетиот путер бил со потекло од Турција, легално биле увезени 20.000 килограми

од Nikola Popovski
388 прегледи

Директорот на АХВ, Николче Бабовски денес соопшти дека на депонијата Дрисла денеска ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје.

„Станува збор за путерот „Суташ“. Утврдено е дека декларацијата ја надминала и рокот и номенклатурата на путерот. Путерот бил увезен од Турција, а не од Германија и легално биле увезени 20.000 килограми. Во приложената документација, со двонеделните контроли е утврдено дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури. Се наведувало дека путерот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани, туку се складирани во магацинот на млекарницата“, вели Бабовски.

Тој напомена дека путерот го чувале во неодобрени објекти – ладилници за складирање храна од животинско потекло.

Според него, од спроведената контрола на следливоста на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите е констатирано дека има различни датуми на призводство и различни датуми на рок на траење за ист лот.

„Со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25, а не од по пет килограми. Поради ова, од страна на официланиот ветеринар е издадено решение за итно отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата и путерот да се врати во млекарницата. За сторениот прекршок на операторот му се се изрече глоба од 1.500 евра во денарска противвредност поради немање соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоците. На  11.03.2021 е утврдено дека доставената документација за увоз на путереот се разликува од првично доставената, односно дека путерот е увезен од Република Турција, а не од Германија“, истакна директорот на АХВ.

Слични содржини