Бабунски со волеј ја запечати победата на Омија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски го постигна вториот гол во сезоната за екипата на Омија Ардија во јапонската втора лига. Бабунски постигна прекрасен гол со волеј во победата на неговиот тим од 3:0 над Ависпа Фукуока.

Тој влезе во 82. минута на мечот и потврди дека е во добра форма, откако претходно погоди и против Токушима.

Омија се наоѓа на второ место со 72 бода, три помалку од лидерот Кашива.

Првите две екипи одат директно во „Џеј Лигата“, додека четирите зад нив ќе играат плејоф за пласман.

Слични содржини