Бачев најави „план – Б“ по усвојување на уставните измени

од desk2

За Јанко Бачев вчерашното изгласување на уставните измени е најголемото предавство во историјата на Македонија. Бачев најави план Б кој ќе се активира во процесот на известување на земјите членки на Обединетите нации дека земјава има ново име. Во планот е вклучен и претседателот Ѓорге Иванов.

„Многу е веројатно дека марионетата Заев како Влада прв ќе се истрча во името на државата да ги извести Обединетите нации. Во таков случај и претседателот Иванов веднаш треба паралелно да упати писмо до Обединетите нации со кое ќе ги извести дека се работи за невалиден договор, ништовен и според домашното и според меѓународното право, бидејќи договорот не е склучен од надлежен орган, нема дозволен предмет на преговарање, не е почитуван референдумскиот резултат од 30-ти септември, не е потпишан указот од Иванов. Значи сето ова добро ќе го образложи Иванов со писмото до Обединетите нации“, рече Јанко Бачев – претседател на Единствена Македонија.

Слични содржини