„Бадвајзер“ со одлични вести за љубителите на криптовалути

од Vladimir Zorba

Гигантот за производство на пиво „Бадвајсер“ „послужи“ одлични вести за љубителите на криптовалутите.

Утрово, „Бадвајзер“ ја промени својата профилна слика на Твитер со ракетен брод дизајниран од NFT уметникот, Том Сакс.

Корисниците велат дека пиварницата го купила и доменот Beer.eth за 30 етери, или приближно 95.000 американски долари.

Врската до DNS -адресата на пазарот OpenSea NFT покажува дека ракетата прикажана на Твитер профилот на „Бaдвајзер“ е купена за осум етери (25.000 американски долари).

Ричард Опи, потпретседател на глобални брендови во матичната компанија на „Бадвајзер“, „Анхејзер-Буш ИнБев“, минатиот месец за CoinDesk рече дека брендот пиво инвестира во нова NFT медиумска продавница, управувана од интернет претприемачот Гери Вајнерчук.

Во трговијата, која раководителите на пиварницата ја нарекоа „долгорочна деловна игра“, интелектуалната сопственост на „Бадвајзер“, вклучително и други марки на пиво, ќе биде спакувана и продавана како NFT.

Слични содржини