Баерн бара за Левандовски 70 милиони евра

од Vladimir Zorba

Челниците на Баерн бараат од Барселона 70 милиони евра за Роберт Левандовски, пренесуваат шпанските медиуми.

Пред неколку дена Барселона упати официјална понуда за полскиот напаѓач. Се шпекулираше дека Каталонците нудат околу 40 милиони евра, но Баварците бараат речиси двојно повеќе.

Левандовски моментално одмара во Шпанија и се надева на договор меѓу клубовите околу неговото обештетување.

Полскиот напаѓач пристигна во Баерн во 2014 година од Борусија Дортмунд и постигна 344 гола на 375 натпревари.

Во дресот на баварскиот клуб, 33-годишниот Левандовски освои 19 трофеи, а договорот му трае уште една сезона.

Слични содржини