Баерн без милост, Лацио понижен среде Рим (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Лацио во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со резултат 4:1 во Рим.

Баварците започнаа силно од самиот почеток, го притиснаа ривалот, па не им требаше многу време за да стигнат до првиот гол.

Левандовски ја искористи грешката на Мусакио во 9-та минута и му донесе водство на својот тим, а во 24-та беше 2-0, кога Мусијала ја искористи одличната акција на Дејвис и Горецка и ја удвои предноста.

Кога Лерој Сана ја затресе мрежата на Лацио по третпат на три минути пред крајот на првото полувреме, беше јасно дека на Лацио му следи катастрофа, а ако има надеж дека можат да направат чуда, таа исчезна речиси веднаш по второто половина, по автоголот на Ачерби, кој ја внесе топката во сопствената мрежа по продорот и центаршутот на Сане.

Голот за утеха го постигна Кореа во 49-та минута.

Реваншот е закажан за 17 март во Германија.

Слични содржини