Баерн го враќа Рибери?

од Stefanija Kuzmanovska

Иако многумина предвидуваат негово пензионирање, Франк Рибери има други планови. „Газета дело спорт“ носи речиси сензационална информација дека Баерн сака да го врати 38-годишниот Французин кој ги мина изминатите две сезони во Фиорентина.

Рибери е на списокот со желби на новиот тренер на минхенскиот гигант, Јулијан Нагелсман, кој, инаку, е четири години помлад од францускиот интернационалец. Нагелсман верува дека Рибери сепак може да понуди многу на тимот.

Френк Рибери играше за Баерн цели 12 години, од 2007 до 2019 година. Тој освои девет титули шампион на Германија, Лига на шампиони и титула светски клупски шампион.

Во дресот на Баерн одигра 425 натпревари, постигна 124 гола и запиша 182 асистенции.

Слични содржини