Баерн ја одбрани титулата во Германија

од Vladimir Zorba

БАЕРН ја освои титулата во Германија по 31-ви пат во историјата на клубот.

За новата титула, клубот од Минхен мораше да го чека исходот од натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг, односно победата на домаќините во него.

Екипата на Дортмунд славеше 3:2 и со тоа го спречи РБ Лајпциг, второпласираната екипа во поредокот, и теоретски да ја стигне баварската екипа.

Баерн ќе влезе во мечот со Борусија Менхенгладбах како германски шампион. Тој натпревар започнува во 18:30 часот.

Освоената титула е деветта по ред за Баерн во германскиот шампионат. Тоа е рекорд во Бундеслигата.

Исто така, Томас Милер и Давид Алаба со новата титула станаа единствените играчи во историјата на Бундеслигата што ја освоиле десет пати.

Инаку, Баерн има освоено 30 титули во 58 изданија на Бундеслигата. Тој ја освои премиерната титула германски шампион во 1932 година.

Слични содржини