Баерн ја освои двојната круна во Германија

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Баер Леверкузен со 4:2 во финалето на германскиот Куп, а по осмата последователна титула во лигата, го зедоа и трофејот во второто по важност фудбалско натпреварување во Германија.

Актуелните шампиони ја оправдаа улогата на фаворити на „Олимпискиот“ стадион во Берлин и ја исполнија желбата да ја завршат сезоната со двојна круна.

Левандовски на два пати, Алаба и Кимих беа стрелци за баварците, додека за „аспирините“ погодија Бендер и Хаверц.

Ова е нивниот дваесетти трофеј во историјата, со кој веднаш се пофалија на социјалните мрежи, потенцирајќи ја симболиката на бројот 20.

Слични содржини