Баерн Минхен е новиот светски клупски шампион

Баерн Минхен ја освои светска клупска титула, откако во финалето беше подобар од Тогерес со 1:0.

Херој за Баварците беше Павард, кој го постигна единствениот гол на мечот во 59-та минута.

Баерн подобро го отвори мечот и поведе во 18-та минута, но ВАР го поништи голот на Кимих поради офсајд ситуација.

До полувремето мрежите мируваа, а Павард во 59-та минута му донесе водство на Баерн Минхен. Сане можеше да стави точка на мечот после неколку минути, но пропушти одлична шанса.

Потоа фудбалерите на Тигрес имаа две шанси, но не успеаа да израмнат, а Толисо ја погиди стативата во 83-та минута.

На крајот голот на Павард се покажа како одлучувачки за Баерн да ја освои титулата светски шампион.

Слични содржини