Баерн подготвува голем удар, започна преговори со Сане

од Vlatko K

Германскиот хегемон Баерн Минхен сака да го врати напаѓачот Лерој Сане во германското
првенство, информира „Дејли рекорд“.


Британските медиуми тврдат дека Баварците веќе започнале преговори со Манчестер Сити за
трансфер на напаѓачот, кој сака да биде постојан стартер во својот клуб.

23-годишниот германски репрезентативец ќе покрие голема „дупка“ за Баерн ако трансферот се
случи следното лето. Тој се смета за замена на Аријен Робен и Френк Рибери, кои ќе го напуштат
клубот по крајот на сезоната.

Слични содржини