Баерн претстави уште едно засилување: Ако е половина добар како Дејвис…

од Stefanija Kuzmanovska

Баерн го претстави и второто засилување за следната сезона. После Даџо Упамекано, младиот Англичанец Омар Ричардс (23) го парафираше договорот со Баварците. Момчето на кое му истече договорот со Ридинг пристигнува како слободен агент. Работата беше договорена пред неколку месеци.

Ричардс го зеде дресот со број три и ќе биде алтернатива за Алфонсо Дејвис. Баерн е прилично тенок на бековските позиции. Доаѓањето на Јулијан Нагелсман веројатно ќе предизвика промена во формацијата (во 3-4-2-1), што значи поголем број на надворешни играчи за ротација.

Поранешниот млад репрезентативец на Англија треба да му олесни на Лука Ернандез, кој честопати мораше да ја покрива позицијата лев бек во неодамна завршената сезона …

„Сонот стана реалност. Доаѓањето во Баерн е голема чест за мене, горд сум што го носам дресот на еден од најголемите клубови во светот. Едвај чекам да почнам да играм“, изјави Ричардс.

На пошироката фудбалска јавност не и е толку добро познато момчето, кое порасна во Фулам, но сепак, од Баерн се надеваат дека барем приближно „погодиле“ како со Дејвис.

„Воодушевени сме што Омар е наш нов играч. Тој е одличен техничар, наоѓа добри решенија во нападот и добро ја затвора левата страна. Веруваме дека тој лесно ќе се вклопи во нашиот систем“, изјави Хасан Салихамиџиќ.

Слични содржини