Баерн продолжи да ги „понижува“ ривалите – му даде 8 гола на Шалке

од Vladimir Zorba

Како што ја завршија претходната сезона, така фудбалерите на Баерн ја започнаа новата. Моќно.

На отворањето на Бундеслигата, сопственикот на тројната круна, односно шампионот на Европа и Германија, како и освојувачот на домашниот куп, го понижи Шалке – 8:0.

Дебаклот на гостите од Гелзенкирхен, кој подоцна ќе се покаже како троен стрелец, ја најави Гнабри во 4-та минута. И, потоа, головите постојано доаѓаа, па тимот на Шалке едвај чекаше крај за срамот да не се прошири на двоцифрениот број на „топки“ во мрежата на Фриман.

Гнабри постигна голови уште во 47-та и 59-та минута, додека во листата на стрелците се запишаа и Горецка во 19-тата минута, Левандовски во 31-та минута од пенал, Милер во 70-тата, Сане една минута подоцна и Мусала во 81-та минута.

Слични содржини