Баерн разочарани по доделувањето на „Златната топка“

од Vladimir Zorba

Лионел Меси синоќа ја освои седмата „Златна топка“. Второто место му припадна на Роберт Левандовски, додека трет на листата бешеа Жоргињо.

Левандовски требаше да ја добие наградата минатата година, но поради пандемијата на коронавирус „Франс Фудбал“ реши да не избира победник, па полскиот напаѓач остана со „празни раце“.

„Чест е да се натпреварувам со тебе, Роберт. Мислам дека ја заслужи наградата минатата година“, призна самиот Меси на доделувањето.

Баерн е разочаран од фактот што Левандовски и годинава остана без „Златната топка“. Меси славеше со 33 поени разлика.

„Честитки за Меси, но Левандовски ја заслужи наградата. И без „Златната топка“ сите знаат колку е добар. Возбуден сум што ќе руши рекорди со нашиот клуб во наредните години и што следната ќе биде кандидат за оваа награда година“, изјави претседателот Оливер Кан.

„Честитки за Меси. Во Баерн би биле пресреќни доколку Левандовски ја освоеше наградата, горди сме што е избран за Напаѓач на годината. Тој е пример како професионалец треба да се однесува, да си поставува цели и затоа тој е еден од најдобрите“, додаде спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Слични содржини