Баерн собори нов рекорд во Бундеслигата!

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера на гостински терен го декласираа тимот на Бохум со 7:0 и со тоа се зацврстија на првото место во Бундеслигата.

Покрај тоа што уште еднаш потврдија дека се најсериозен кандидат за тронот, Баварците по денешниот натпревар постигнаа уште еден забележителен резултат.

Имено, тимот на Јулијан Нагелсман по три одиграни кола освои максимални девет бода, со гол разлика од +14 (15:1), што претставува најдобар старт на еден клуб во историјата на Бундеслигата!

На овој резултат му претходеа победи над Антрахт 6:1, Волфсбург 2:0 и Бохум 7:0.

Слични содржини