Бафет инвестира во фармацевтската индустрија, пренесе дел од капиталот од ИТ секторот

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата Berkshire Hathaway на американскиот бизнисмен Ворен Бафет потврди дека продала дел од акциите во „Епл“, а истовремено купила удели во фармацевтските гиганти „Фајзер“, „АбВи“ и „Мерк“.

Од Berkshire Hathaway беше наведено дека уделот во „Епл“ е продаден во третиот квартал, како и во инвестицискиот гигант JP Morgan Chase, пишува порталот Investitor.

Berkshire Hathaway ги откри овие деловни чекори, меѓу другото, за време на извештајот што го достави до американската Комисија за хартии од вредност во понеделникот. На крајот на јуни, не поседуваше ниту една од тие компании.

Компанијата на Ворен Бафет откри дека на крајот на септември поседувала 3,7 милиони акции на „Фајзер“, 22,4 милиони акции на „Мерк“ и 21,3 милиони акции на „АбВи“, додека само три месеци претходно таа не поседувала ниту една.

Ова само кажува дека за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, Бафет препозна можност за инвестирање во фармацевтската индустрија, па таму пренесе дел од капиталот од ИТ секторот.

Слични содржини