Бајден: 200 милиони дози вакцини против Ковид 19 во првите сто дена

Американскиот претседател eо Бајден во четвртокот изјави дека поставува нова цел, тоа е 200 милиони дози вакцини против ковид-19 во САД во првите сто дена во Белата куќа.

„Во првите сто дена од нашиот мандат, ќе направиме 200 милиони инјекции“, рече демократскиот претседател на својата прва прес-конференција.

Бајден ја одржува својата прва официјална прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, 64 дена по стапувањето на должноста.

На 18 март, претседателот рече дека следниот ден, кој беше 58-ти ден на функцијата, ќе се постигне целта на 100 милиони дози вакцина во првите сто дена од неговиот мандат.

Зборувајќи за двојниот број што го објави денес, тој рече дека „знае дека тоа е амбициозно. Тоа е двојно повеќе од првичната цел. Но, ниту една земја во светот не е ни близу до она што го правиме, напротив, тие се далеку од тоа. Мислам дека ќе успееме “, додаде eо Бајден.

Белата куќа во четвртокот наутро објави дека подготвува план вреден 10 милијарди долари за корекција на нееднаквостите во пристапот до вакцината, што најмногу ги погодува етничките малцинства.

Планот има за цел да ги покрие „најтешко погодените и најранливите делови од населението, оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот“, рече Бајден.

Џо Бајден чекаше подолго од кој било модерен американски претседател да ја одржи својата прва прес-конференција, па новинарите ја искористија можноста да го прашаат за повеќе кризи, освен за ковида-19 со која се соочува.

Бајден рече дека не може да замисли американски трупи да бидат во Авганистан и следната година, но ниту тој ќе може да го испочитува рокот за повлекување од 1 мај.

„Не ми е намерата да останам таму долго“, рече Бајден, инсистирајќи на тоа дека „ќе биде тешко да се испочитува рокот од 1 мај, од стратешки причини“.

Тој истакна дека неговото главно надворешнополитичко прашање е Северна Кореја и дека не сака конфронтација со Кина.

Што се однесува до ситуацијата на американската јужна граница, Бајден го намали проблемот велејќи дека тоа се случува „секоја година“.

„Секоја година во текот на зимата, бројот на пристигнувања на границата значително се зголемува“ затоа што мигрантите “поретко умираат во пустината од горештините”, рече демократскиот претседател.

Републиканците го обвинуваат за охрабрување на илјадници мигранти да влезат во Соединетите држави, олеснувајќи ја миграциската политика на неговиот претходник Доналд Трамп.

Откако пристигна во Белата куќа, демократот, меѓу другото, го стопираше протерувањето на илегалните мигранти за 100 дена и предложи предлог-закон што ќе им понуди пат до државјанство.

Американскиот претседател исто така рече дека републиканците мора да одлучат дали сакаат да соработуваат со демократите или да ја поделат земјата, додавајќи дека ќе одат понатаму со своите приоритети и „ќе ги решаваат работите како што доаѓаат“.

Слични содржини