Бајден: Америка се крена и се спротивстави на предизвиците

од Берта Китинска

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, првпат им се обрати на граѓаните како прв човек на Америка, откако тој беше официјално инаугуриран денес на церемонија во Вашингтон.

– Ова е американски ден, ова е ден на демократија … Америка се крена и се спротивстави на предизвиците. Научивме дека демократијата е важна и кревка и таа преживеа. Сега, на место каде што се разнишани темелите, ние се обединивме како нација – рече Бајден и посочи дека денес ја славиме демократијата.

– Преживеавме толку многу, и ни преостанува уште многу да сториме. Зборувајќи за коронавирусот, тој рече дека оваа инфекција однесе повеќе животи во Америка отколку што се случи за време на Втората светска војна. Денес, целата моја душа е во ова, да ја обединиме Америка граѓаните да ми се придружат во тоа, рече Бајден и рече „можеме да го победиме овој вирус“.

Слични содржини