Бајден: Американско-руските односи зависат од реакциите на Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оцени како точна изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека односите меѓу земјите што ги водат се на најниската точка во последните неколку години, пренесува „Гласот на Америка“.

„Јас ќе кажам јасно дека тој е во право кога го мисли тоа – што зависи од неговите реакции и почитување на меѓународните норми – што во многу случаи тој не го прави“, изјави Бајден пред новинарите на крајот од самитот на Г7 во Велика Британија.

Бајден рече дека западните демократии се натпреваруваат со автократските влади.

„Ние не само што се натпреваруваме со Кина, туку и со автократски влади низ целиот свет – дали демократиите можат да бидат конкурентни на автократиите во 21 век – период на брзи промени“, рече тој.

Кога станува збор особено за Кина – Бајден рече дека Соединетите држави директно ќе се справат со неа, објави „Ројтерс“.

„Му кажав на Си Џинпинг дака не барам конфликт. Ќе соработуваме во области каде тоа е можно, јас јасно ќе посочам за што се спориме и ќе реагираме на потези што се противречни“, рече Бајден.

Тој исто така посочи дека е потребно Кина да дозволи пристап до истражувачи кои треба да утврдат дали коронавирусот е природно создаден или, како што рече, лабораториски експеримент во кој настанала грешка.

„Треба да имаме пристап“, рече Бајден, додавајќи дека недостатокот на транспарентност може да придонесе за нова пандемија.

Слични содржини