Бајден до Путин: „Подготвени сме за преговори со Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денеска изјави дека земјата е подготвена да преговара со Русија за контрола на вооружувањето.

Како што истакна, тие преговори би можеле да бидат „рамка“ на договор што би можел да претставува замена за претходниот договор за нуклеарно оружје, односно СТАРТ, пренесува „Раша тудеј“.

Бајден му порача на Путин: „Подготвени сме“

„Мојата администрација е подготвена детално да преговара за нов договор кој ќе ја регулира контролата на оружјето и ќе го замени новиот договор СТАРТ кој истекува во 2026 година. Сепак, на преговорите им е потребен партнер кој ќе се води од добра волја“, рече Бајден.

Слични содржини