Бајден: Фејсбук дезинформациите за КОВИД-19 ги „убиваат луѓето“

од Nikola Popovski

Американскиот претседател eо Бајден во петокот рече дека социјалните мрежи како Фејсбук „убиваат луѓе“ откако Белата куќа продолжи да ја критикува технолошката компанија поради дозволата за објавување на дезинформации за вакцините против коронавирус на нивната платформа.

Од друга страна, Фејсбук вели дека нивните напори всушност спасуваат животи.

„Тие убиваат луѓе. Пазете, единствената пандемија што ја имаме е меѓу невакцинираните. И тие убиваат луѓе“, изјави Бајден пред новинарите на прашањето за дезинформациите и пораката што ја има за социјалните мрежи како што е Фејсбук.

Од Фејсбук ги отфрлија критиките на Бајден и рекоа дека нивните напори да ги објават фактите всушност спасиле животи.

„Нема да нè спречуваат обвинувања што не се поткрепени со факти“, наведоа на Фејсбук.

Тие истакнаа дека ги „прошируваат“ своите напори да ги отстранат лажните тврдења за коронавирусот и вакцините на нивната платформа, како и на Инстаграм.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, исто така, го критикуваше Фејсбук во петокот, но додаде дека тие сепак презеле некои чекори.

„Тие се компанија од приватниот сектор. Постојат дополнителни чекори што можат да ги преземат. Јасно е дека можат да сторат повеќе “, рече таа на прес-конференција во Белата куќа.

Фејсбук наведува дека повеќе од две милијарди луѓе виделе вистинити информации за КОВИД-19 и вакцините на нивната мрежа, што е повеќе од било кое друго место на Интернет.

Слични содржини