Бајден ги повлекува војниците од Авганистан на 20-годишнината од терористичкиот напад на Њујорк?

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година, 20 години откако нападите на Ал Каеда ја започнаа најдолгата американска војна, изјавија тројца извори запознати со одлуката за Ројтерс.

Повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, велат извори, под услов да не бидат именувани пред официјализирање на одлуката.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува утре да ги известат сојузниците на НАТО за тоа во Брисел, пренесе Танјуг.

Бајден може да ја објави својата одлука јавно, велат изворите.

Неговата одлука, доколку биде потврдена, ќе го надмине рокот за повлекување од 1 мај, договорен со талибанските бунтовници од администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп.

Во изјавата минатиот месец, талибанците се заканија дека ќе продолжат со непријателствата против странските трупи во Авганистан, доколку не го исполнат крајниот рок за повлекување до 1 мај.

Слични содржини